Помпео вети непречена транзиција кон вториот мандат на Трамп

Aмериканскиот државен секретар Мајк Помпео вчера одби да ја признае изборната победа на eо Бајден и вети непречена транзиција кон „втората администрација на Доналд Трамп“.



„Ќе ги преброиме сите гласови“, додаде тој на прес-конференција, и гарантираше дека светските лидери се „свесни дека ова е тековен правен процес“.

„Светот треба да биде уверен дека транзицијата ќе биде успешна за Стејт департментот да биде ефективно оперативен денес и ефективно да работи со претседателот кој ќе ја преземе должноста на 20 јануари“, рече државниот секретар.

Toj најави дека ќе посети седум земји, сојузници на Соединетите Американски Држави, кои му честитаа на демократскиот кандидат Џо Бајден за победата на претседателските избори, иако Доналд Трамп одбива да ја признае.

Помпео рече дека во петок ќе отпатува за Париз, а потоа ќе ги посети Истанбул, Тбилиси, Ерусалим и трите заливски сојузници – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Катар.