Помпео: САД да го признае Тајван како слободна територија

„Мојот став е дека американската влада треба веднаш да ги преземе неопходните и одамна задоцнети чекори, за да ја направи вистинската и очигледна работа, а тоа е да и понуди на Тајван дипломатско признавање како слободна и суверена земја, изјави американски државен секретар Мајк Помпео на форумот во организација на Фондацијата „Проспект” со седиште во Тајпеј, пренесува ДПА.



„Ова не е за идната независност на Тајван, туку за препознавање на непогрешлива веќе постоечка реалност”, рече Помпео.

Официјален Пекинг го смета Тајван за дел од Кина, и покрај тоа што островот има независна влада од 1949 година.

Додека САД го снабдуваат Тајван со оружје, сепак претходните администрации никогаш немаат отворено кажано дека ќе понудат воена помош во случај на инвазија. Сепак, американскиот претседател Џо Бајден во октомври рече дека САД имаат „обврска” да го сторат тоа. /МИА