Американскиот државен секретар Мајк Помпео соопшти дека европските држави не помогнале онолку колку што требало во операцијата за ликвидација на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Ирак.



„Искрено кажано, Европејците не помогнаа онолку колку што очекував“ изјави Помпео за „Фокс њуз“ и инсистираше на тоа дека „Британците, Французите, Германците мора да разберат дека тоа што го направивме им го спаси животот на луѓето во Европа. Тоа беше добра работа за целиот свет “

САД ги повикаа сите земји ширум светот да ја поддржат американската акција врз Иран. (BGNES)