Помпео: Бог го пратил Трамп да го спаси еврејскиот народ

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека е „можно“претседателот Доналд Трамп да бил испратен од Бог за да го спаси еврејскиот народ од Иранците.



Во интервју за Христијанската радиодифузна мрежа за време на посетата на Израел, тој рече дека оради неговата вера тој верува во тоа.

Коментарот  беше даден за време  на еврејски празник Пурим, на кој се одбележува библиското спасување на еврејскиот народ од страна на кралицата Естер од Персијците.

Запрашан дали претседателот Трамп сега се јавува исто како и кралицата Естер, за да помогне да се спаси еврејскиот народ од иранската закана, поранешниот сенатор и директор на ЦИА, изјави:

„Уверен сум дека Господ имал работа тука“, додаде тој.