Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, утре, на негова иницијатива ќе престојува во работна посета наземјава за време на која предвидени се средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и со други високи претставници на земјава.
Како што соопшти МНР, соработката во справувањето со глобалната пандемија ковид-19 ќе биде во фокусот на разговорите, а во тој контекст заедно со унгарската делегација ќе пристигне и конкретна помош за полесно надминување на овие предизвици.




