Охридски кајчари сведочат за досега невиден феномен кој вчера го погодил брегот на охридското езеро.
Бродари меѓу кои има и луѓе на 70 возраст сведочат дека во нивните кариери досега не виделе ниту пак од своите родители слушнале за феноменот што вчера се случил на брегот на езерото.
,,Во еден момент водата се повлече на три метри од брегот, за потоа да се врати со тресок. За среќа никој не настрада, не чуваше господ”, вели охриѓанец кој вози туристи со кајче кој во тој момент бил во близина.
Тој со неговиот татко и брат бил во езерото кога почнало невремето кое се до брегот дошло за неверојатно брзо време.
,,Обично го гледаме невремето и можеме да ги извадиме чамците од езерото на време затоа што имаме десетина минути, но вчера немавме време за тоа, мислам дека невремето дојде до брегот за дваесет секунди можеби нецела минута”, сведочи друг кајчар кој веднаш отишол дома уплашен дека на Охрид може да му се случи цунами.
,,Знам дека дека на езеро нема цунами но тоа што се случи вчера ми донесе паника. Со природа нема играчка”, вели се уште уплашениот бродар кој вели дека од невремето малку биле оштетени дел од кајчињата.
За среќа вчера во невремето во Охрид жртви ниту значителна материјална штета освен паднатото дрво кое оштети едно возило.
Ноќеска во Охрид е забележана една од најниските температури за месец јули во историјата но денеска градот повторно влегува во летна форма.






