Помирувачот помеѓу СОНК и Владата е десна рака на министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, вработен во нејзиниот кабинет, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.



Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика. Тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски и неговата шефица Тренчевска.

СОНК е во подредена полжба, а наставниците се деградирани и понижени. Владата го прекрши Занонот за мирно решавање на споровите.

Владата лаже за ветеното покачување. Вистинско покачување на платите е кога ќе бидат исполнети барањата на СОНК, се’ друго е притискање на наставниците да ги прифатат условите на владата, за на истата да и останат повеќе пари за матни тендери“, велат во опозициската партија.