Со денешните 22 смртни случаи за едно деноноќие, Македонија ја престигна и Велика Британија и сега со 887 е седма во светот по бројот на жртви од Ковид-19 на еден милион жители!
Ако се изземат Сан Марино и Андора поради малиот број жители, практично, станува збор за петта позиција меѓу 220 држави и територии опфатени на листата на worldometers.com!
Белгија и понатаму е прва со 1.456, пред Сан Марино со 1.354, Перу со 1.088, а пред Македонија уште се и Андора со 996, Шпанија со 985 и Италија со 961.





