До крајот на месецов во земјава нема да стасаат ниту кинеските вакцини, ниту пак одредени количини од вакцината на „Фејзер“ кои беа најавени дека ќе се набават преку дирекна спогодба со компанијата, констатира порталот СакамДаКажам откако вчера на Табановце и пририем на втората пратка вакцини од Србија не можешпе да каже точни термини кога ќе стасаат другите поголеми количини, со што конечно во земјава би почнала масовната вакцинација.
Филипче рече дека добил дозвола од Владата да се постигне договор за увоиз на 100.000 вакцини од Русија.
За „Фајзер“ вакцините, Филипче вели дека „работите се одложија поради тоа што се под голем притисок од сите земји во светот. За кинеските вакцини постои интензивна комуникација и размена на писма, вклучено е и Министерството за надворешни работи и за кратко време очекуваме да го добиеме и дефинитивниот датум кога ќе стигнат тие“, рече Филипче не кажувајќи дали тоа ќе биде овој месец како што најавуваа и тој и премиерот Зоран Заев.





