Помалку жито од Украина, ќе ја зголеми цената на храната во светот

Експертите велат дека жетвата на жито во Украина оваа година најверојатно ќе биде за околу 20 отсто помала од 2021 година поради намалената посеана површина.



Намалените резерви на жито од Украина ќе генерираат „инфлациски притисоци“ и ќе ги зголемат светските цени на житото.

„Високите цени на житарките би можеле да имаат значителни импликации за глобалните пазари на храна и да ја загрозат глобалната безбедност на храната, особено во некои од најнеразвиените економии“, се вели во извештајот.