Помалку од 3.000 лица од дијаспората се попишале по 5-ти септември

Преку електронската апликација на Државниот завод за статистика по 5 септември се попишале помалку од 3.000 лица во дијаспората и се чини дека или интересот е речиси никаков.



На 23 август официјално беше надмината бројката од 190.540 македонски државјани кои се попишале во странствобеше надмината бројката од 190.540 македонски државјани кои се попишале во странство, а вкупнозаклучно до синоќа бројот на попишаните е 193.982 лица.

Најбројни кои се попишале се лицата од Швајцарија, Германија, Италија, Австрија…

Најмалку во Австралија, Канада, САД.

Според уверувањата на директорот на Заводот, Апостол Симовски, бројот на македонски државјани во странство ќе биде во графата нерезидентно население и нема да се пресметува вкупно со бројот на лицата што живеат во Македонија.

Пописот во дијаспората трае од април и не беше прекинат со одложувањето на пописната операција за септември.