Во третото тримесечје од 2023 година се склучени 4.116 бракови, што претставува намалување од 11.4 % во споредба со истиот период од 2022 година.
Истовремено, во ова тримесечје се разведени 301 брак.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2023 година, бројот на живородените се 4.453 деца и во споредба со истиот период од претходната година е помал за 9.8 %.
Природниот прираст е негативен, – 294 лица – што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.







