Полскиот премиер Матеуш Моравјецки предупреди дека Европа ќе се најде под притисок на „милиони“ мигранти доколку граничната контрола остане лабава, јави ДПА.



Во интервју за германскиот таблоид Билд, тој рече дека не ја исклучува опасноста од војна со оглед на развојот на полско-белоруската граница.

„Ако сега не можеме да задржиме илјадници имигранти, наскоро ќе има стотици илјади, милиони кои ќе дојдат во Европа“, инсистира Моравецки. Кризата поради мигрантскиот притисок може да трае со месеци, па дури и со години.