Протести се одржуваат низ цела Полска откако претходно овој месец абортусот беше прогласен за нелегален.
Околу 100,000 протестирачи вчера излегоа на улиците во Варшава, Полска, со што се случи досега најголемиот протест, резултат на големиот бес кон владеачката десничарска партија во Полска, „Закон и Правда“, откако таа стапи на власт во 2015 година.
И покрај строгите правила кои го ограничуваат собирот на повеќе од пет лица поради пандемијата со корона вирус, демонстрантите поминаа по централната улица на Варшава носејќи црни чадори, симбол на протестот за правото на абортус и транспаренти на кои меѓу останатото пишуваше и „Господ е жена“.
Во средата, активистките прогласија „женски штрајк“, кој привлече над 400.000 лица да протестираат во повеќе од 400 места и градови низ Полска.






