Полската влада објави дека го раскинува договорот за руски природен гас без да се чека тој да истече крајот на 2022 година. Заедно со Бугарија и Финска, Варшава одби да го прифати новиот руски механизам за плаќање базиран на рубљи, воведен кон крајот на март, јави RT.
„По 30 години, може да се каже дека односите во гасната индустрија меѓу Полска и Русија престанаа“, рече Пјотр Наимски, полски комесар за стратешка енергетска инфраструктура.
Официјалниот претставник додаде дека полскиот дел од гасоводот Јамал-Европа, кој претходно се користеше за транспорт на природен гас од Русија, може да се користи за снабдување од Германија.
„Овој дел од инфраструктурата за пренос на гас е во сопственост на Еурополгаз. Делницата, како и целиот систем за пренос на гас во Полска, е управувана од ГАЗ-Систем“, рече Наимски.







