Полска испраќа одбранбена воена техника во Украина

Шефот на Бирото за национална безбедност на Полска, Павел Солох, соопшти дека оваа земја ќе испрати воена одбранбена опрема во соседна Украина.



Според него, станува збор за „десетици илјади“ единици одбранбена опрема.

Полското Министерство за одбрана соопшти дека се работи за бесплатна воена помош.

Украинскиот министер за безбедност Алексеј Резников од своја страна рече дека секоја воена и техничка помош е важна за да и се покаже на Русија дека евентуалниот напад ќе има „висока цена“.