Полска испраќа борберни авиони во Украина, Америка – не!

Одлуката на Полска да испрати борбени авиони МиГ-29 во Украина е „суверена одлука“ на таа земја, која нема да го охрабри американскиот претседател Џо Бајден да ги испрати своите борбени авиони Ф-16 во Украина, соопшти Белата куќа.



Бајден во неколку наврати изјави дека нема намера да испраќа борбени авиони во Украина, но не ја отфрли целосно таа опција.

Џон Кирби, советникот за национална безбедност на Бајден, вчера изјави за новинарите дека одлуката на Полска да испрати четири борбени авиони, што претставува отстапување од другите членки на НАТО, нема да го промени процесот на донесување одлуки во САД.