Жители од различни делови на градот јавуваат дека снемале струја неколку минути пред 18 часот, а како што јавуваат нема струја во делови од Центар, Карпош, Тафталиџе и Нерези.
Во прашање е дефект на 110 киловолтна станица од која со струја се напојуваат неколку населби, јавуваат од ЕВН
„Веднаш по прекинот наши екипи излегоа на терен и открија дека има чад во 110 киловолтна станица од која со струја се снабдуваат Сарај, Кондово, делови од Влае, делови од Карпош, Тафталиџе во горната зона и делови од Центар. Во моментов се прави итно премостување за напојување на корисниците кај кои има прекин од други места. Струја ќе добијат сите, без разлика што има дефект во трафостаницата“, велат од ЕВН за „Макфакс“.






