Половина од Германците се незадоволни од владеењето на Шолц

Дури 49% од Германците се незадоволни од работата на Олаф Шолц како канцелар на Германија, а 55% се незадоволни од федералната влада, објави Bild am Sonntag, повикувајќи се на истражување на институтот INSA.



Според анкетата, 38 отсто од германските граѓани се задоволни од работата на Шолц како канцелар, а само 35 отсто од работата на владата.

Рејтингот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), од чии редови е Шолц, не е променет во однос на минатата недела и изнесува 25%, покажува истражувањето спроведено од 11 до 14 април меѓу 1.002 германски граѓани.

Неделава, инаку, се појавија сомневања за можен раскол во владејачката коалиција во Германија поради „недостатоците во раководството на Шолц во Украина“.

Седум недели по почетокот на војната, помалите коалициски партнери на Шолц, Зелените и Слободната демократска партија (ФДП), не се задоволни што Берлин не одговори на барањата на Украина да испрати повеќе тешко оружје, поради предупредувањата од

Дипломатските тензии меѓу Германија и Украина се зголемија откако пред една недела, властите во Киев одбија да го примат претседателот Франк-Валтер Штајнамјер поради неговиот умерен став кон Русија во минатото.