Ова гопокажува анкета спроведена од POLITICO-Hanbury спроведена на 500 возрасни лица, неколку часа по вчерашното гласање на кое британските пратеници го отфрлија планот на Тееза Меј за „Брегзит“ договорен со ЕУ.
Дебаклот на премиерката Тереза Мај беше очекуван.
Според резултатите од истражувањето, 47% сакаат да се исклучи можноста за напуштање на ЕУ без договор.
Повеќе од 44 отсто од испитаниците се за продолжување на преговарачкиот период.
Во исто време, 42 отсто од испитаниците излез од кризата гледаат во парламентарните избори, што го побара и лидерот на опозициските Лабуристи, Џереми Корбин.
Околу 38 проценти од испитаниците се за останување на земјата во ЕУ.
Денеска, британските европарламентарци ќе се изјаснат за „Брегзит“ без договор, што за многумина е многу хаотична варијанта.




