
Обвинителството ги прибра доказите за пожарот во модуларната болница во Тетово и ги анализира, но предметот се’ уште е во фаза на предистрага откако во септември минатата година избувна пожар кој до темел ја пеплоса болницата, а 14 луѓе живи изгореа.
Од добиените одговори ќе зависи кој ќе одговара и дали некој воопшто ќе одговара.
„Во предметот во континуитет се преземаат дејствија во рамките на предистражната постапка со цел да се утврдат сите факти и околности. Но се’ уште е потребно да се работи на целосно утврдување на фактите во предметот за да се донесе одлука околу евентуална кривична одговорност“ – велат од ЈОРМ.
Од анализата на доказите обвинителството ќе треба да утврди дали законски биле користени материјалите за градба, приклучоците за вода, снабдувањето на кислород и електрична енергија, како и дали биле запазени стандарди за противпожарна заштита. Предистрагата треба да покаже и тоа дали надзорот и техничкиот прием на модуларната болница биле законски направени.
Освен ова, обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага дали јавната набавка на модуларната болница била спроведена законски.




