Полковник на АРМ: Знаел ли Филипче за опасните ПУР панели кои изгореа за две минути

Полковникот на АРМ Драган Ковачки поставува јавно прашање за содржината на разговори на состаноците на кои била договарана градбата на модуларните Ковид центри.



Еден од нив во Тетово однесе 14 жртви.

Ковачки прашува и дали откако на Филипче од страна на стручњак за градба и материјали му било кажано дека ПУР панелите се опасни настанала кавга.

“Дали е точно дека на состанокот на кој се дискутирало за модуларните болници, Филипче бил предупреден од стручно лице дека ПУР панелите не смеат да бидат вградени во модуларните болници и дали на состанокот настанала караница?”, пишува полковникот Драган Ковачки кој е и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕА ги користи хаштазите:
#ЗаробенаДржава
#ОЈОнекаДреме