Полковник Ковачки: Пендаровски уште еднаш докажа дека е уценет

Полковникот на АРМ Драган Ковачки ја коментира одлуката на претседателот Пендаровски со која се помилуваат повеќе осудени лица меѓу кои и полицаецот кој го спаси Зијадин Села во Собранието на 27 април.



Ковачки не е против помилувањето на Фета Алими но прашува зошто не е помилуван ниту еден од осудените за тероризам за овој случај.

,,Уште еднаш докажа дека е без достоинство, дека е уценет и дека не е Претседател на сите граѓани.
@SPendarovski зошто не се помилувани и останатите од 27 април?
*За удрена клоца, луѓе лежат по 15 години”, порачува Ковачки инаку член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој го користи хаштагот:
#КацарскаТероризам