Полковник Костадинов: Еден ден ќе се пее „Од Охрид до Черно Море еден народ живее“ (ВИДЕО)

Полковникот Јордан Костадинов е пензиониран професор на бугарската Воена академија и човек кој што се грижи за обновените бугарските воени гробишта во Македонија.



Тој во интервју за бугарска телевизија раскажува за бугарскиот карактер на Македонија и за наводно уништување на бугарски артефакти од втората светска војна во земјава.

На крајот на емисијата не може да ја скрие својата желба и јавно искажува надеж дека ќе дојде ден кога Бугарите ќе пејат: Од Черно Море до Охрид и од Дунав до Егеј еден народ живее.

Овие национални и територијални претензии не испровоцираа никакви реакции од Македонска страна.

Замислете македонски професор и воено лице да каже дека сонува еден ден Македонците од Пирин и од Вардарска Македонија ќе живеат во една држава.