Франција и Полска се обидуваат да ја убедат Германија да го деблокира снабдувањето со тенкови „Леопард“, а на Берлин му станува сè потешко да се спротивстави, особено откако Британија наводно размислува да ги испрати своите тенкови „Челинџер 2“ во Украина, објави “Политико“.



Ако Велика Британија испрати тенкови, на Берлин ќе му биде многу потешко да се скрие зад сегашниот аргумент дека не сака да дејствува сам со испраќање тешко оружје.

„Украинците се многу желни да го добијат леопардот бидејќи ги има многу во магацините низ цела Европа“, изјави за „Политико“ француски функционер запознаен со преговорите.

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека останува убеден во потребата да се координираат испораките на оружје за Украина со сојузниците.

Киев долго време сака потешки оклопни возила, како што се германските тенкови Леопард 2, што би било значаен чекор во поддршката на Западот за Украина.