Група воени претставници тивко го туркаат Пентагон да одобри испраќање борбени авиони Ф-16 во Украина за да и помогне на земјата да се одбрани од руски ракетни и напади со беспилотни летала, велат три лица кои се запознаени со случајот, дознава Политико.



Украина на листата барања ги поставила и американците ловци Ф-16, но Вашингтон и Киев сметаа дека артилерија, оклопни возила и копнени системи за воздушна одбрана се поитни потреби бидејќи Украина се обидува да ја заштити цивилната инфраструктура и да го врати теренот окупиран од руските сили.

Како што Украина се подготвува да започне нова офанзива за враќање на територијата на пролет, кампањата во Министерството за одбрана за борбени авиони добива на интензитет, според официјален претставник на Министерството за одбрана и две други лица вклучени во дискусиите.

Тие луѓе, заедно со другите интервјуирани побараа да не бидат именувани.

Поттикнати делумно од брзото одобрување на тенковите и на системите за противвоздушна одбрана „Патриот“ – кои до неодамна беа забранети за извоз во Украина – во Киев е обновен оптимизмот дека американските авиони би можеле да бидат следните.

„Мислам дека нема да има противење“ изјавил висок функционер на Министерството за одбрана за Ф-16, говорејќи под услов да остане анонимен и кој вели дека за тоа нема конечна одлука.

Сепак, Украина допрва треба да изјави дека борбените авиони се нејзин главен приоритет, нагласи претставникот, истакнувајќи дека Пентагон е фокусиран на испраќање на Киев потребните средства за непосредна борба.

Но, борбените авиони можеби наскоро ќе се префрлат на првото место.

Киев го обнови своето барање за модерни ловци во последниве денови, при што врвниот советник на министерот за одбрана на земјата изјави за медиумите дека официјалните лица ќе вршат притисок за авиони од САД и европските земји.

Висок украински функционер во саботата изјави дека Украина и нејзините западни сојузници се вклучени во „брзи“ разговори за евентуално испраќање и ракети со долг дострел и воени авиони.