Политиката ѝ ја зема „Нова Година“ на Подгорица

Поради политичката криза во Црна Гора, главниот град Подгорица ќе соатене без организирана новогодишна прослава и традиционалните новогодишни манифестации.



Градоначалникот тврди дека градската управа не може да го организира тоа, бидејќи е во технички мандат.

Во исто време, политичките противници го обвинуваат дека ги казнува граѓаните кои гласале за промени на октомвриските избори.