„Поранешниот македонски премиер ноќе ја преминал македонско-албанската граница со лажен пасош и илегално стигнал во Тирана, каде што го прифатиле луѓе од амбасадата на Унгарија“, пишува белградскиот весник „Политика“, според кој веќе наредното утро со компанијата „Малев“ одлетал од Тирана во Будимпешта.
Дека „Политика“ води „политика“ со лажната вест доказ е тоа што компанијата Малев не работи веќе неколку години откако банкротираше.
Најстариот и највлијателен српски весник се вклучи во серијата шпекулации на тема бегството на Никола Груевски, каде беше спомната и Србија како земја низ која наводно поминал Груевски и кој наводно добил и помош од српските власти.
„Политика“ пишува дека откако добил информации од своите соработници дека полицијата се подготвувала да го уапси, Груевски ја преминал македонско-албанската граница со лажен пасош.
Унгарскиот превозник „Малев“ престана со работа во 2012. Тој беше формирана во 1946 година.





