Германија објави дека испорачува 5.000 заштитни шлемови во Украина, истовремено повторувајќи дека нема да испрати никакво оружје, дознава Politico.
Гестот уследи по неколкудневните силни критики за одбивањето на Германија да извезе оружје во Украина и фактот дека Берлин не ѝ дал дозвола на Естонија да испрати стари германски хаубици во земјата.
„Ќе и испорачаме 5.000 шлемови на Украина – потребна е опрема“, рече министерката за одбрана Кристин Ламбрехт.
Портпаролот на Министерството за одбрана не можеше да каже дали шлемовите ќе бидат донирани или дали Украина ќе мора да плати за нив.
Германскиот гест тешко дека ќе ги задоволи очекувањата на Украина, која се надеваше на испорака на оружје од Германија што би можело да и помогне на нејзината армија да се бори против потенцијалната руска инвазија.






