Политичко самоубиство: “Генсекот” на СДСМ едно кажа друго направи (ФОТО+ВИДЕО)

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски направи непроценлива политичка штета за себе и за својата партија откако во моменти кога цела држава е гневна на власта за селективните и дискриминирачки мерки против коронавирусот едно побара од граѓаните а друго направи за себе.



Николовски најпрвин ги повика сите граѓани да седат дома и да ги почитуваат мерките а потоа се пофали дека не е дома туку дека заминал во познато излетничко место.

Николовски вчера на Фејсбук побара граѓаните во текот на викендот да седат дома а на социјалната мрежа Инстаграм објави дека е во Берово при што напиша дека негова пријателка му сугерираа секогаш да оди напред.

Николовски предходно призна дека да бараш едно а да правиш нешто сосема друго е лоша карактеристика на било кој политичар и дека тоа е одраз на личноста.

Ако си на водечка позиција во една партија, како што имам и јас чест да бидам ген. секретар, тогаш си ти лицето на таа партија. Па така, тоа што го правиш е рефлексија на она во што веруваш”, напиша Николовски напаѓајќи го лидерот на опозицијата за неговото однесување.

Вчера на тема одговорност и почитување препораки Николовски преку Фејсбук видео побара сите да ги почитуваат мерките и препораките против корона вирусот.

Линк до видеото

https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/videos/258373728576227/?sfnsn=mo&d=n&vh=e