Група медиуми што важат за блиски на СДСМ денеска објавуваат идентична вест според која електронска порака испратена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е гест за почит.
Иако во веста не пишува дека Спасовски се откажал од плата за некое сиромашно семејство ниту спасил нечиј живот, неколку портали испраќање на обична електронска порака од министерот до вработените е прогласена за гест за почит.
Да беше Спасовски неписмен или со човек со исклучително ниска деловна способност испраќање на ,,и-меил” ќе беше голем настан и можеби вест за почит но со ваква пропаганда од страна на штабот за комуникации за СДСМ се навредува интелигенцијата на јавноста а министерот се претставува како човек со многу низок интелектуален капацитет.
Зошто новинарите блиски на СДСМ од порталите на сликата мораат да објавуваат ваква глупост што може да ја направи било која друга будала и да го фалат министерот Спасовски, останува енигма.
Дали лажниот гест за почит има врска со пресметката во СДСМ во која Спасовски е еден од тие што можат да настрадаат ќе се знае до средината на месецот.

Интересно е што кога предходно Спасовски даде дневници од патување на деца без родители истите медиуми тој чин не го насловијс како вест за почит ама кога министерот испрати обичен и-меил тоа е гест.





