Политички реваншизам на прославата на 8 Септември во Берлин

Десетици Македонци кои се почитувани во Македонската заедница во главниот град на Германија не биле повикани на прославата на денот на независноста која се одржала во елитен хотел во Берлин деновиве.



Претставници на бизнис заедницата кои повеќе од деценија се дел од активностите на амбасадата на Македонија во Берлин немаат одговор зошто новото раководство на амбасадата дозволува да се фрла сомнеж за политички и идеолошки реваншизам во дипломатско претставништво.

Официјално не знаат зошто и тие како и голем број други влијателни луѓе во македонската заедница годинава не биле поканети на прославата на денот на независноста.

Тие се сомневаат дека се работи за политички реваншизам затоа што се дел од корпусот Македонци кои не прифаќаат промена на името и на социјалните мрежи агитираат против користење на зборот Северна како дел од името на земјата.

Извори блиски на новиот амбасадор на Македонија во Берлин Рамазан Назифи негираат дека тој имал било какво влијание на делот од списокот на поканети кој се однесувал на Македонската заедница ниту пак бришел некого од списокот.

Списокот на поканети членови на македонската заедница во Берлин според извори во македонската заедница во Германија го правел вториот човек во амбасадата министерот-советник Драган Петковски кој и во времето на ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година бил на мисија во истата амбасада.

Од основниот список кој важел повеќе од 15 години сега биле извадени триесетина луѓе кои што со години биле дел од активностите на амбасадата но не се блиски на актуелните македонски власти ниту ги поддржуваат политиките на СДСМ и Зоран Заев.

Дел од тие што не се повикани бараат објаснување дали ваквата практика на амбасадата, на амбасадорот Назифи и вториот дипломат Петковски ќе продолжи и во иднина за да знаат дали можат амбасадата се уште да сметаат за своја или пак да се подготвуваат за прекин на комуникацијата со своето дипломатско претставништво.

Годинава за разлика од предходните години нема објавени фотографии од прославата за 8ми септември.

Само во Берлин живее бројна Македонска заедница која брои над 4000 луѓе а во Германија живеат или престојуваат над 100 илјади македонски државјани.