Дописникот на германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ од Виена, Михаел Мартенс, со пародичен твит за македонски ајвар во австриски супермаркет.
„Среде бел ден, политички некоректен и историски срамен Ајвар е забележан во супермаркет во Виена. Полицијата беше информирана. Специјална единица е на пат кон местото на злосторството. Засега нема жртви. Од локалното население се бара да остане дома до ново известување“, се пошегува Мартенс на Твитер за теглата ајвар во „Шпар“ со етикета на која пишува дека е „од Македонија“.






