Политички реваншизам или создавање простор за партиски актери: Дончо од Преспав избркан по 42 години

Актерот Владимир Тулиев доби отказ од неговиот матичен театар во Штип. Информацијата ја потврди Тулиев преку Фејсбук, истакнувајќи дека после 42 години од првата професионална театарска претстава утринава му стигнало и отказното решение.



Засега нема подетални информации зошто Тулиев е избркан од работа.

„Е да, драги мои колеги, пријатели и моја најдрага публико, после 42 години од првата професионална театарска претстава, сабајлево ми стигна и отказно решение! Како и да е, не дозволувајте да ви плукааат на трудот, талентот и актерската креација! Не дозволувам ниту јас! Ви Благодарам за поддршката!“, напиша тој.

Освен објавата на Тулиев, засега од институцијата нема поконкретни информации за причините поради кои актерот добил отказ од матичниот театар.

Официјално Тулиевски е избркан заради наводно погрешно водено боледување но неофицијално се работи за партиска пресметка со луѓе на чии места треба да се вработат партиски кадри пред локалните избори.

Тулиев е долги години присутен на театарските штици, а има остварено и солиден број на филмски улоги и тоа во „Панкот не е мртов“, „Трето полувреме“, „Господ постои името ѝ е Петрунија“, „Година на мајмунот“ и други. Во последниве неколку години на јавноста ѝ е познат преку улогата на Дончо во телевизиската серија „Преспав“.