„Моделот на Асоцијација на општини со српско мнозинство, за кој ќе преговараат косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ утре, на 2 мај во Брисел, ќе повлијае врз судбината на границите во Балканот, бидејќи ќе ги инспирира сите малцинства во регионот и уште повеќе Албанците во * Македонија, оти тие не се малцинство таму, туку сочинуваат половина од населението.“ – кажа поранешната главна преговарачка од Косово во дијалогот со Србија Едита Тахири. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“.
Изјавата на Едита Тахири е вистинска „политичко-територијална бомба“, бидејќи во изминативе 24 години таа е еден од најважните и највлијателни политичари воопшто во Косово. Како потписник на „Декларацијата за независноста“ од 2008 година Едита Тахири е еден од лидерите на независноста на Косово и дел од главните протагонисти на политичките промени во Косово уште од 1999 година се до денес. Таа е поранешен вицепремиер задолжена за национална безбедност и надворешна политика и министер за надворешни работи на Косово и негов мировен преговарач. Сега е претседател на реформистичката партија Демократска алтернатива на Косово.
Едита Тахири е и своевиден „експерт за дезинтеграција на држави“, бидејќи беше преговарач за мир во раните фази на Лондонската мировна конференција за дезинтеграција на поранешна Југославија во 1992 година!
Голема политичка, не само образовна тежина во нејзината политичка и образовна биографија содржи фактот што Тахири дипломирала на Универзитетот Харвард во САД, магистер е на науки за јавна администрација во „Џон Ф.Кенеди“ на овој универзитет Школата за владеење и е доктор по политички науки во Универзитетот во Приштина во соработка со Џон Хопкинс Универзитетот од Вашингтон, САД. Оттука, Тахири е еден од најбитните регионални албански политичари и „американски пулени“ во Балканот.
Изјавата на Едита Тахири мора да се зема предвид заедно со изјавата на Елвис Хоџа, влијателниот политички советник на косовскиот премиер Албин Курти, кој е и идеолог и член на Претседателството на неговата владејачка партија Самоопределување во Косово. Хоџа на почетокот на годинашниов февруари го изнесе следниов став: „Седумстотини илјади Албанци во Македонија се 14 пати повеќе отколку што има Срби во Косово. Тоа значи: ако има заедница на српски општини во Косово, тогаш прва на удар ќе биде * Македонија, ќе има и заедница на албански општини и во неа.“ Елвис Хоџа имаше објавено на својот фејсбук-профил и мапа на „Заедницата на општини со албанско население во с. Македонија“, наведувајќи дека таа е на Партијата „Унитети“, вујкото на лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Исклучително важни коцкици во забрзаните случувања во „политичко-територијалниот мозаик“ во Македонија и Балканот е и доаѓањето на претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу во Скопје и „Дарданско Тетово“ на Билал Касами пред неколку дена, како и посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Тетово на 12 април… Но, и преименувањето на улицата „Јоаким Крчовски“ во скопски Чаир со името на Ибрахим Ругова, еден од застапниците на „државотворноста на албанскиот народ во * Македонија“ и на „природното обединување на сите Албанци од Балканот со Албанија“… Според Ругова ќе биде именувана и улица во Тетово…
Топ вести денеска
Во игра и трет играч од власта во трката за ,,Вила Водно” со Пендаровски и Спасовски






