Политичар од партијата „Единствена Русија“ на рускиот претседател Владимир Путин е пронајден мртов пред неговиот дом, објавија руските медиуми, додавајќи уште еден на списокот со личности од руската елита кои починале под неразјаснети околности.
Владимир Егоров (46) беше член на владејачката партија Единствена Русија.
На неговото тело не се пронајдени траги на насилна смрт, пренесува рускиот весник Комерсант, повикувајќи се на прес-службата на Истражниот комитет за регионот Тјумен во Русија.
Комитетот не може да открие информации за смртта на Егоров, бидејќи „се уште вршат обдукција“.
Телото на Егоров било пронајдено во дворот на неговата куќа во средата.
Градскиот совет на Тоболск во четвртокот објави некролог на својата страница на социјалните мрежи, во која се вели дека Егоров починал „како резултат на несреќа“.






