Политичар му нарачал два нови “Египетски” случаи на Обвинителството

Македонското јавно обвинителство добило налог за покренување на два нови случаи кои произлегуваат од друг случај за кој нема доволно докази и најверојатно ќе пропадне.



Политички центар на моќ во меѓувреме инсистира обвинителството да го продолжи прогонот врз дел од осомничените во пропаднатиот случај со покренување на два нови.

Во новите случаи кои треба да носат имиња поврзани со стариот Египет би се користеле информациите прибрани во текот на истрагата на случајот што веќе е пропаднат.

“Чесните колеги кои не се дел од играта се на диазепам и лексилиум. Притисокот да се почнат нови истраги е силен подолго време но пред изборите станува неподнослив. Во “убедувањето” да се објават двата нови случаи пред локалните избори се користат ветувања за унапредување на обвинители, закани за кривичен прогон па дури и бомби. Преку неколку поединци кои ги имаат под контрола власта се обидува да го злоупотребат целото обвинителство и сите обвинители во политичкиот обид да се прикаже дека сите од власта се бели а сите други се црни”, вели обвинител(ка) кој(а) се плаши дека ако јавно проговори за влијанието на политичари врз работата на обвинителите на ќе се соочи со одмазда и крај на кариерата.

Во анонимно дадената изјава се вели дека власта прави се што може за да ги запре истрагите против нејзините луѓе кои се фатени во криминал како Вице Заев, Бујар Дарлишта, Ден Дончев или Драги Рашковски а да ги засили или да започнат нови истраги против членови на опозицијата.

Ако на изјавата на изворот од обвинителството се додаде признанието дека јавниот обвинител Јовески сака наскоро да стане Уставен судија, предходно во кафеана се среќаваше со адвокат на премиер и беше на координација во кабинетот на премиерот Заев заедно со претседателот на скопскиот кривичен суд Иван Џолев на граѓаните ќе им стане појасна симбиозата меѓу политиката на власт и обвинителство.

Колумнистот на expres.mk Горан Момироски пред десетина дена објави детали за операција која ја спроведува власта со цел петта година откако се на власт пред изборите да создаде слика во СДСМ и ДУИ нема никаков криминал а дека носител на целиот криминал во Македонија е ВМРО-ДПМНЕ.

Откриена операцијата ,,ЈОВИЛСБЏИ” на власта во правосудството – пишува Горан Момироски