Полицискиот пријавител Самет не се појави пред судот каде што за Сонцето од Кутлеш се прогонува ,,Ѓурче војвода”

Пријавителот на обвинението полицаецот Самет Амети денеска не се појави пред судот во Охрид каде што за Сонцето од Кутлеш се прогонува Александар Ѓурчев.



Охридскиот Сектор за внатрешни работи кој по налог на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гони луѓе што го истакнуваат знамето со сонцето од Кутлеш денеска не испрати службено лице кое требаше да сведочи против охриѓанецот Александар Ѓурчев.

Откако адвокатот на Ѓурчев побарал еднаквост на оружјата односно присуство на пријавителот од МВР а судот го одбил барањето Ѓурчев признал дека го истакнал македонското знаме но не признал дека со тоа го прекршил законот.

За Ѓурчев знамето што го истакнал е знаме кое било државно знаме а целиот свој живот го почитува знамето чие истакнување не е против ниту еден закон.

Охриѓанецот кон ова знаме има посебна посебна емоција и не смета дека со негово истакнување се навредува државата и државните симболи.

За разлика од Ѓурчев кој јавно призна дека го истакнал македонското етничко знаме припадниците на полицијата кои го гонат не собраа храброст да се појават пред судот.

Повеќе детали за апсурдниот случај

(ДОКУМЕНТ) Утре (понеделник) во 10 часот во Охрид почнува судењето за Сонцето од Кутлеш на ,,Ѓурче војвода”