Полицискиот час во Словенија на Уставен суд

Уставниот суд и’ наложи на словенечката Влада веднаш да ја преиспита мерката за ограничено движење, воведена заради спречување на ширењето на коронавирусот.



Барањето се однесува на мерките усвоени на 29 март и измените донесени на 14 април кога е воведен полициски час на територија на целата држава.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, се уште не се открива кој ја поднел претставката до Уставниот суд.

Уставниот суд го суспендирал членот 7 од владиниот декрет што пропишува дека мерките ќе бидат на сила до „престанувањето на причините за нивно воведување“. Судот заклучил дека така и’ е препуштено на Валадата самоволно да одлучува кога мерките би можеле да бидат укинати.

Суспензијата ќе трае додека судиите на Уставниот суд не дефинираат одржлива одредба, а во меѓувреме Владата има обврска секоја седмица да ја анализира оправданста од продолжувањето на мерките.