Полицискиот час и другите рестриктивни мерки воведени пред две недели остануваат на сила и во следните седум дена, објавуваат неофицијално повеќе медиуми меѓункоини Алсат.
Одлуката е донесена утрово на Главниот координативен кризен штаб, по предлог на Комисијата за заразни болести.
Предлогот за мерките треба да биде усвоен на утрешната владина седница.
Со последните рестрикции, воведена беше забрана и за работа на сите обложувалници, како и сали наменети за вежбање, а се забрани и организирањето на секаков вид семинари и конференции.






