Полицискиот час останува до 15 јуни

Полицискиот час и мерките да останат да важат до 15 јуни, на територија на цела држава предложи денеска министерот за здравство Венко Филипче.



Министерот образложи дека овој предлог на Комисијата е поради тоа како би се ограничило дополнително групирање во доцните часови.

Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на териториј на цела држава.

Според последната епидемиолошка анализа нема најава дека престојниот период ќе има зголемување со нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани.