Полицискиот час ќе трае само 4 часа

Во наредните две недели, почнувајќи од 13 мај,(четврток) ограничувањето на движењето на граѓаните ќе биде од полноќ до 04 часот наутро, одлучи Владата согласно препораките на Комисијата за заразни болести.



Исклучок ќе има само утре вечер во пресрет на празникот Бајрам кога нема да има полициски час.

Угостителските објекти со отворени простори како што се тераси и градини можат да бидат отворени до 23:30 часот. Центрите за фитнес почнуваат да работат, но со специјални протоколи против ковид“, наведоа од Владата.

Олеснувањето на рестриктивните мерки за спречување на ширење на заразата доаѓа како резултат на подобрувањето на епидемиолошката состојба во земјава, велат здравствените власти. Нивниот апел е дека и покрај ова олеснување, да се почитуваат преостанатите мерки како одржување на далечина, не групирање на повеќе од четири лица и носење маски, без оглед на тоа кој е вакциниран.