Одделот за воздухопловни единици при МВР вчера дејствува во реонот на планината Јакупица, во близина на велешкото село Богомила каде успешно беа изгаснати неколку краци од пожарот, но пожарот се уште е активен и заедно со пожарникарите од ТППЕ Велес се преземаат дополнителни мерки за негово гасење, јави Макпрес.
„По добиено барање од Центарот за управување со кризи дека поради непристапниот терен во шумата потребно е да се активираат два хеликоптера на МВР, веднаш е постапено и хеликоптерите до сега прецизно исфрлија над 80 тони вода“, информираа од МВР.





