Франција ќе мора да живее со вирусот корона барем до идното лето, предупреди денеска претседателот Емануел Макрон.
За време на посетата на една болница, тој рече дека во оваа фаза не се планира скратување на полицискиот час, кој беше воведен за да се спречи ширењето на вирусот корона.
Францускиот премиер Жан Кастекс вчера објави дека владата ќе го прошири полицискиот час на уште 38 департмани, со што ќе бидат опфатени околу 46 милиони луѓе.
Во Франција, во изминатите 24 часа биле регистрирани 42.032 нови случаи со Ковид-19 со што вкупниот број на заразени достигна надмина 1 милион и изнесува 1.041.075, пренесува Ројтерс.




