Во белгиските провинции Брабант и Луксембург од утре 14 октомври стапува во сила полициски час како една од мерките против растечката зараза на ковид-19.
Од 1 часот по полноќ до 6 часот наутро, на граѓаните ќе им биде забрането да бидат на отворено, освен во случај на работа, итна медицинска помош или виша сила, според локалните власти.
Двете провинции се наоѓаат во францускиот регион Валонија, покрај Брисел, кој е најмногу погоден од новиот бран на пандемијата.
Националниот центар за кризи предупредува дека до крајот на оваа недела, Белгија може да достигне нов врв со дури 10.000 нови случаи на корона на ден.
Во исто време, бројот на смртни случаи од ковид-19 се зголеми на 20 на ден.
Од почетокот на пандемијата во Белгија, починаа 10.211 лица како последица од коронавирусот.