Полициски час не почитувале 28 лица

МВР информираше дека забраната за движење во периодот од 22 часот синоќа до 05 часот изутрината не ја почитувале 28 лица.



Во изминатото деноноќие, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на ковид-19