Денеска околу 12 часот на пладне во битолскиот суд се случило физичко насилство во тепачка во која било нападнато службено лице од СВР Битола.
Тепачката почнала откако службеникот на СВР Битола кој дошол да сведочи во судот бил нападнат од граѓанин кој бил обвинет за кривично дело.
Нападнатиот вратил по што според сведоци се случил хаос кој траел неколку минути кога двајцата биле одвоени.
Причината за тепачката била што напаѓачот не можел да се помири со фактот што нападнатиот дошол да сведочи против него во судот во Битола.
Нападнатиот кој е полесно поведен е сведок во кривична постапка која се води против напаѓачот.
СВР Битола има информации за тепачката но се уште не е јасно дали ќе покрене пријава за физички напад и нарушување на јавниот ред и мир во битолскиот суд.
* Текстот е дополнет и променет од првото објавување





