Полициска придружба за Максим Димитриевски: Хибриден режим во акција во Куманово

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски во живо на социјалната мрежа Фејсбук откри дека утрово полициско возило неколку улици го следело, а на улицата Лесковачка во Куманово го сопреле возилото во кое бил заедно со Дејан Димитриевски.



Градоначалникот се пожали дека полицијата не им образложила зошто ги сопрела и и дека само му било наредено возилото да го однесе на вонреден технички сервис.

“Возилото е ново со сета потребна документација. Станува збор за ептен ново возило. Со ваквиот свој потег полицијата ме онеспосубува да работам. Полицијата се однесува непрофесионално. Јавно го повикувам министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да каже зошто постојано сум следен од полициски службеници”, рече Димитриевски во јавувањето во живо и најави дека за настанот некој ќе сноси одговорност.

Од полицијата тврдат велат дека станува збор за редовна контрола на возила и дека законот важел за сите дури и за кумановскиот градоначалник.

“Патрола од сообраќајната полиција во Куманово го запрела возилото со кое денеска се превезувал актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски поради непрописно затемнети прозори на возило”, информираат од МВР од каде не објаснуваат зошто досега не е интервенирано за возилото за кое цело Куманово знае дека е со затемнети стакла.

Видеото на линкот

https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/videos/1501946850165909/