
Пукотници низ Скопје!
Полицијата трага по лице во близина на т.н. руски згради кај болницата „8 Септември“, дознава Канал5.
Од таму велат дека лицето било облечено во црвени панталони.
При бркотницата се слушнале истрели, а дел од жителите бегале во паника.
Информацијата за Канал5 ја потврдиле и од Министерството за внатрешни работи.
Од таму велат дека полициски службеници спроведуваат акција за приведување на разбојник, кој според пријавеното, околу 21 часот извршил кривично дело разбојништво во маркет на ул. Драгиша Мишовиќ.





