Полицијата утринава прави серија претреси и апси членови на криминалниот клан од Грчец, кои се поврзани со трговија со дрога и убиства, дознава Канал 5 од извори од истрагата.
Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик, Чаир и други локации и веќе има неколкумина уапсени,а акцијата е се уште во тек.
Во текот на денот, по завршувањето на акцијата, се очекуваат информации од полицијата за оваа голема полициска акција.







